Каков кикс на француска телевизија: наместо Меси, го ставија неговиот ирански двојник

Францускиот телевизиски канал M6, по побрка напаѓачот на Барселона, Лионел Меси, со неговиот ирански „двојник“ Реза Парастеш. Студентот од Иран многу личи на Меси, но смешно е кога на телевизија во прилог во кој се спомнува најдобриот фудбалер на светот, наместо негова, да се стави фотографија од неговиот двојник.

Прилогот на М6 бил за тоа која спортска ѕвезда колку пари донирала за борба со коронавирусот. До сликата на тенисерот Роџер Федерер требаше да го има Меси, но наместо тоа, се најде Реза. Лео Меси даде 1 милион евра на болница во Барселона и медицински центар во Аргентина.

Благодарение на својот изглед, Реза е многу познат во Иран, а има и фенови во други земји.

Популарноста ја стекна во 2017 година кога позираше во дрес на Барселона и ја испрати на еден спортски сајт. Потоа Парастеш добии покана од Барселона да присуствува на „Камп Ноу“ на натпревар против Малага.

- Оглас -

Најнови вести