Некогашниот тренер на Олимпик Марсеј, Руди Гарсија, во 2018 година имал можност да бира дали во тимот да го донесе Ерлинг Халанд или Немања Радоњиќ и одлучил да го ангажира Србинот пред Норвежанецот.
Сега Гарсија веројатно жали, навивачите на Марсеј уште повеќе, но времето не може да се врати. Во тоа време, Марсеј за Радоњиќ на Црвена ѕвезда ѝ плати 10 милиони евра. Очекувањата беа големи, но освен повремени блесоци, изостана голем придонес и континуитет на добри игри. Сега Радоњиќ е на позајмица во Бенфика, а Халанд е меѓу најдобрите напаѓачи на светот.
Освен Халанд, Марсеј го испуштил и Ријад Марез, кој им бил нуден додека играше за Ле Авр.