Каков лапсус: Шпанците наместо капитенката на репрезентацијата, ја одликуваа сестрата на Мауро Икарди

Шпанската влада направи неверојатен лапсус, наместо капитенката на женската фудбалска репрезентација на Фуријата, Ивана Андрес, по грешка со Кралски орден за спортски заслуги ја одликуваше Ивана Икарди, сестрата на аргентинскиот фудбалер Мауро Икарди, објави Националниот спортски одбор (ЦСД).

ЦСД веднаш се извини за големиот пропуст објавувајќи дека се случила човечка грешка поради која длабоко жали бидејќи во вчерашното издание на шпанскиот Службен весник по грешка е напишано името на Ивана Икарди.

Грешката била исправена денеска и името на Ивана Андрес, која го крена трофејот за победникот на Светското првенство, во Службен весник е напишано како добитничка на Кралскиот орден за спортски заслуги.

Сестрата на Мауро, Ивана Икарди, која живее во Мајорка, не можеше да се изначуди како дошло до грешка.

- Оглас -

Најнови вести