Марсеј со 2-0 го совлада Сент Етјен во мечот од 27-мото коло во Лига 1. На „Велодром“ беше забавно, а главен „актер“ и домаќин на забавата беше Марио Балотели. Италијанскиот голгетер во 12-тата минута го постигна првиот од двата гола на Марсеј, па на уникатен начин се одлучи да го прослави погодокот.
Балотели по голот истрча до еден од фотографите, кој го чуваше неговиот мобилен телефон, па ги собра соиграчите и се вклучи во живо на „Инстаграм“. Ваква лудост може да се очекува само од Балотели.
За конечните 2-0 прецизен беше Тован во 21-та минута, а Марсеј дојде до четвртата позиција на табелата со 44 бода, пет помалку од третопласираниот Лион, додека воедно го поминаа денешниот противник Сент Етјен за еден бод повеќе.
https://twitter.com/FootbalIStuff/status/1102307830139371526
Mario Balotelli’s iPhone celebration from his angle. pic.twitter.com/CeTFzAz8k8
— Get French Football News (@GFFN) March 3, 2019