Двајца играчи на поранешниот европски првак Хамбургер направија вистински лом на улиците на Сент Паули со трка со автомобили, што можеше да заврши и со трагедија.
Вилијам Микелбренсис, кој има само 18 години и е тазе возач со положен испит, и 27-годишниот Жан-Лук Домпе се тркале низ улиците на Сент Паули со два различни автомобили марка „мерцедес“ и БМВ.
За жал, помладиот и неискусен возач, Микелбренсис загубил контрола над возилото БМВ М3 и удрил во автобуска постројка.
Автомобилот бил комплетно отштетен, а 18-годишниот фудбалер на ХСВ имал повреда на раката, но се извлекол и побегнал со автомобилот „мерцедес АМГ“ што го возел Домпе.
Сепак, лесно биле откриени од полицијата благодарение и на оставениот автомобил и на надзорните камери од околните објекти, па се приведени.
Им следува одземање на возачките дозволи, сигурно и висока парична казна за згрозување на јавниот ред и мир и оштетување на државен имот.
Сега се чека реакција на челниците на Хамбургер, а суспензија ќе има сигурно и според неколку германски медиуми, дури и бркање од клубот.