22.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

Каков луд тим е Тотенхем, губи кога е фаворит, а растура кога не се очекува тоа

Тотенхем се покажува како екипа за која е многу тешко да предвидите на која нога се станати играчите и однапред да знаете како ќе одиграат. Антонио Конте има состав кој знае да блесне кога тоа не се очекува од нив, но и да потфрли кога имаат фаворитска улога.

Ако се погледнат последните неколку меча на Тотенхем, ќе се види дека се движат од рајот до пеколот, во фудбалска смисла.

Серијата неочекувани резултати ја почнаа кога врзаа три порази по ред во Премиер лигата и почнаа да заостануваат во трката за место кое води во Лигата на шампионите. Таман се помисли дека се готови, тие со одлично издание го шокираа Манчестер сити, и тоа на негов стадион, со 3-2.

По големиот триумф, се зборуваше за излез од кризата, но веќе на наредниот дуел дојде студен туш и пораз од Барнли, кој се бори за опстанок. Продолжија да играат топло-ладно и го смачкаа Лидс, а синоќа не дадоа гол во 120 минути игра со Мидлсборо и испаднаа во ФА купот од второлигашот.

- Оглас -

Најнови вести