32.8 C
Skopje
четврток, 7 август 2025

Каков луксуз: Роналдо на одмор дневно трошел 14.000 евра само за постелнина и пешкири

Кристијано Роналдо во кариерата заработи преку една милијарда евра, што секако го прави еден од најбогатите спортисти во историјата. Со едно такво финансиско конто, Роналдо нема проблем да ужива во луксузен одмор, додека трае фудбалската пауза.

Португалецот заедно со своето семејство беше на одмор на Мајорка, каде пристигнал со приватен авион кој чини 22 милиони евра. По доаѓањето на Мајорка, Роналдо го чекала јахта долга 27 метри која чини 6,5 милиони евра. Непозната е цената на вилата во која престојувало семејството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Шпанските медиуми пишуваат дека Роналдо на дневно ниво трошел неверојатни 14.000 евра само за постелнина, пешкири и други слични работи. Пресметките се дека одморот на Роналдо ќе чини милионска сума во евра, но и тоа не е некоја голема сума за Португалецот ако се знае дека тој на неделно ниво заработува милион евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

 

- Оглас -

Најнови вести