29.8 C
Skopje
понеделник, 15 септември 2025

Каков мајстор: Ди Марија даде гол од корнер, и тоа против Бока јуниорс (Видео)

Росарио сентрал и Бока јуниорс одиграа 1-1 во меч од аргентинската лига. Гостите го отворија резултатот со голот на Родриго Батаља во 20-тата минута, а домаќините израмнија само четири минути подоцна, кога Анхел ди Марија постигна гол, и тоа директно од корнер. 

Ди Марија и претходно има давано „олимписки голови“. Неговиот претходен гол од корнер беше во дресот на Бенфика во 13 декември 2023 година против Салцбург во Лигата на шампионите.

Кога играше за ПСЖ, Ди Марија двапати даваше гол на ваков начин во мечеви против Ним во француската лига.

- Оглас -

Најнови вести