Лука Јовиќ блеска сезонава, а повторно се истакна и вечерва на реванш-дуелот со Интер отако во петтата минута со мајсторски лоб го совлада Самир Хандановиќ и му донесе предност на Ајнтрахт.
Јовиќ одлично ја прими топката на гради и потоа со лоб го надмудри голманот на Интер.
Ајнтрахт води со 1-0 на „Џузепе Меаца“ и има резултат за пласман во четвртфиналето во Лигата на Европа, откако првиот меч во Германија заврши без голови.
Јовиќ е најдобар стрелец на Ајнтрахт сезонава и еден од најдобрите во Бундеслигата, а српскиот репрезентативец има само 21 година.
https://www.youtube.com/watch?v=Wv2Cc11wNTA