Федерико Киеза одигра мајсторски во петтата минута од првото продолжение на мечот меѓу Италија и Австрија и со прекрасен погодок им донесе предност на Аѕурите од 1:0.
На „Вембли“ во Лондон се играат дополнителни двапати по 15 минути во второто осминафинале на ЕП, откако во регуларниот дел мечот заврши без голови.
Киеза доби шанса да влезе во игра во 84. минута, а во 95. го постигна својот втор гол на ЕП што ја доближува Италија до пласман во четвртфиналето.
Голот можете да го видите на следниот ЛИНК.