Во неделата, во објект на Sport Life во Кочани е уплатен тикет на кој се прогнозирани два пресврта дека ќе победи тимот кој ќе губи на полувреме.
За среќа на овој играч, двете прогнози беа точни, па уплатата само од 100 денари ја претвори во бруто-добивка дури од 103.700 денари.
Дека тикетот може да испадне добитен, беше најавено кога Евертон победи против Кристал палас со 2-1, а победничкиот гол кој го постигна Џек Грилиш падна во 93-тата минута.
За вечерта остана да се чека Еспањол да води по првото полувреме против Бетис, а на крајот да триумфираат гостите. Домашните имаа 1-0 на полувреме, Бетис даде два гола во периодот од 54-тата до 63-тата минута и тој резултат од 2-1 за тимот од Севилја остана до крајот. Да биде драмата целосна, во 13-тата минута од судиското продолжение беше досуден пенал за домашните, но не го реализираа и тоа донесе голема радост во Кочани.


