Каков малер е Дембеле – Пак ќе паузира, сега цели 10 недели поради повреда

Осман Дембеле повторно ќе паузира долг период, а проценката е дека нема да игра фудбал во следните 10 недели. Офанзивецот на Барселона има големи проблеми со мускулите и повторно се повреди на мечот од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд.

Беше заменет во 26. минута, а со оваа пауза веќе ќе собере цела година без настапи, откако во 2017 година токму од Борусија Дортмунд пристигна во редовите на шпанскиот гигант.

Досега за две години во Барса пропушти 58 меча, а не играше точно 342 дена, што покажува дека Дембеле има сериозни проблеми со повредите.

Има 22 години и од него во Барселона очекуваа многу, но не очекуваа за толку млад играч да има толку многу проблеми со повредите.

Дембеле ќе ги пропушти двата важни меча за Барса против ривалите од Мадрид, Атлетико и Реал, а нема да игра ниту на мечот од шпанскиот Суперкуп што ќе се игра во Саудиска Арабија во јануари.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести