Каков малер е Калдара – Само што почна да игра, пак се повреди

Матија Калдара не може да се спаси од повреди и само што се врати во составот на Милан и одигра еден меч по долгата пауза, повторно се повреди, на тренинг, и за него и оваа сезона е завршена.

Стоперот на Милан одигра малку повеќе од еден час против Лацио во Купот пред десеттина дена, што му беше прв настап по октомври лани за „росонерите“, но нема многу среќа.

Матија е еден од играчите што израснаа фудбалски во познатата Академија на Аталанта во Бергамо. Во 2017 година се пресели во Јувентус, но потоа беше вратен во Аталанта за да има минутажа.

Во ланската размена на играчи меѓу Јувентус и Милан, Калдара заврши во Милано, но нема среќа и не играше многу поради постојаните проблеми со повредите.

 

- Оглас -

Најнови вести