Каков малер – имаше секунда предност, а падна на 10 метри пред целта (Видео)

Ана Свен Ларсон беше на прагот да извојува победа на слаломот во Крањска гора, имаше огромна предност во однос на дотогаш водечката Петра Влхова, но во самиот финиш ја загуби контролата врз скиите и падна. Со тоа, паднаа и надежите на Швеѓанката дека ќе триумфира.

Микаела Шифрин која уште е водечка во генералниот пласман, не се тркаше на последните неколку натпревари, тагува по нејзиниот татко кој почина неодамна, и не се знае кога ќе се врати. Нејзиното отсуство го користат конкурентките, во прв ред Влхова и Федерика Брињоне кои внесуваат неизвесност во генералниот пласман.

Сега Влхова е прва во слалом, за неа ова беше 14-та победа во кариерата. Скијачките се селат во Кран Монтана каде следниот викенд ќе има трки во брзинските дисциплини, а на почетокот на март се следните трки во техничките дисциплини слалом и велеслалом.

Погледнете го скијањето на Свен Ларсон кое заврши неславно:

https://www.youtube.com/watch?v=C9_KHFbnS0w

- Оглас -

Најнови вести