Каков малер – Кореа го даде последниот гол за Аргентина пред СП и го одигра последното танго (Фото)

Хоакин Кореа е еден од најголемите малери во 2022 година и се повреди само на четири дена пред почетокот на Светското првенство и нема да игра за Аргентина во Катар.

Играчот на Интер е последниот што даде гол за Гаучосите пред стартот на Мундијалот откако погоди за 5:0 против Обединетите Арапски Емирати вчера, а потоа за него стигна исклучително лоша вест.

Поради повреда, ќе мора да си замине дома и нема да игра за еден од фаворитите на шампионатот.

Иако не е член на стартниот состав, 28-годишниот офанзивец на Аргентина е важна алка во ротацијата на двојниот светски првак и тоа ќе биде сериозен удар и за амбициите на Гаучосите да ја освојат третата светска круна.

На местото на Кореа дополнително ќе биде повикан нов фудбалер.

Аргентина е во Ц групата со Полска, Мексико и Саудиска Арабија.

 

- Оглас -

Најнови вести