Каков малер, прво беше нокаутиран од соиграч, а потоа лекарот се лизна и го удри со нога во главата (Видео)

Борусија Дортмунд вчера го совлада Бохум со 3:0 во рамките на 13-то коло во Бундеслигата, а мечот го одбележа неверојатната ситуација во која еден играч на гостите беше нокаутиран од соиграч, а потоа лекарот се лизна и го удри во главата.

Имено, во 76-тата минута, играчот на Бохум, Ентони Лосила, остана да лежи на теренот по дуелот со свој соиграч откако доби незгоден удар во главата.

Лекарот на гостите веднаш втрча на теренот за да му помогне на Лосила, но се лизна од влажниот терен и со ногата го удри во главата.

За среќа на Лосила, ударот не беше силен и играчот набрзо стана и го доигра мечот.

https://twitter.com/i/status/1588979831131475968

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести