Каков малер: Во 14-тата секунда oд мечот промаши коефициент 1.001

Еден обложувач во Велика Британија уплатил 50 фунти (околу 3.700 денари) дека нема да има жолт или црвен картон во првите 59 секунди од дербито меѓу Челзи и Ливерпул. Коефициентот за таквата игра бил бесмислен, односно изнесувал 1.001, што значи дека со 50 вложени фунти, добивката му била 50 пени (околу 37 денари).

Иако верувал дека тоа ќе бидат лесно заработени пари, обложувачот погреши. Уште во првиот напад на Ливерпул, Садио Мане во еден воздушен дуел со лакт го удри Сесар Аспиликуета директно во лицето, а судијата без многу размислување му покажа жолт картон, и тоа само по 14 секунди од почетокот на мечот.

Играчите на Челзи негодуваа затоа што сметаа дека Мане требаше да заработи директен црвен картон, но напаѓачот на Ливерпул помина само со жолт картон, кој воедно е и најбрзо покажаниот картон во историјата на Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести