Дуелот помеѓу Лос Анџелес лејкерс и Денвер нагетс ги оправда очекувањата. Беше драматично, на крај славеа Езерџиите со 127-125 и тоа по продолжение од пет минути, а победничкиот кош го постигна Лука Дончиќ на 0,5 секунди до крајот.
Словенецот мечот го заврши со 30 поени, 11 скока и 13 асистенции. Остин Ривс уфрли 32 поени, а тој беше најзаслужен што Лејкерс не загуби во регуларниот дел и даде кош за продолжение.
Кај Денвер, Никола Јокиќ направи трипл-дабл од 24 поени, 16 скока и 14 асистенции, а расположен беше и Арон Гордон со 27 поени, но потфрли Џамал Мареј кој даде само 5 поени за 36 минути игра.
Лејкерс има пет победи по ред и сега е трети во западната конференција.
Убави победнички серии имаат и Атланта (9 по ред) и Орландо (7). Синоќа Хокс немаше проблем со Милвоки, победи со 122-99, а Орландо по петти пат сезонава го победи Мајами овојпат со 121-117. Во последните 30 сезони, само двапати се случило некој тим да има 5-0 против ист ривал. Новиот НБА куп придонесе да биде можно некои два тима да се сретнат пет пати еден против друг во регуларната сезона.
Погледнете го кошот на Дончиќ за победа против Денвер:
LUKA HITS THE GO-AHEAD JUMPER TO WIN IT FOR THE LAKERS IN OT 🚨 pic.twitter.com/CIkuCBvExv
— NBA (@NBA) March 15, 2026

