Она што се случува вечерва на стадионот во Келн, ретко се гледа. Јарците и Херта постигнаа пет гола и тоа во првото полувреме, па остануваат уште 45 минути за докомплетирање на фештата.
Келн поведе со 1-0, гостите направија пресврт и дојдоа до позитива од 2-1, но сепак првото полувреме им припадна на домашните со 3-2, а можеше да биде и 4-2 ако ја реализираа убавата шанса во судиското продолжение.
Во вториот дел, Херта е на потег, бидејќи доколку тимот од Берлин вечерва загуби, ќе биде блиску до испаѓање, и максимум што ќе може да извлечат во последните две кола ќе им биде евентуално да се изборат за бараж за опстанок.