Каков меч за трето место на Светското клупско: шоу на Габигол, Педро, и судијата!

Јужноамериканскиот првак Фламенго го освои третото место на Светското клупско првенство, откако со 4-2 го совлада Ал Ахли во интересен меч за престиж кој се играше повеќе од 100 минути.

Бразилците поведоа со гол од пенал на Габриел Барбоса, алијас Габи-гол. Потоа египетскиот тим изедначи, а и за нив беше досуден пенал, но не го искористија. Сепак Ал Ахли некоја минута подоцна успеа да поведе со 2-1.

Следуваше нов досуден пенал од страна на алжирскиот судија, но се премисли откако гледаше снимка. Во 69-та минута се случи клучниот момент, беше покажан црвен картон, Ал Ахли остана со играч помалку. Тоа беше хендикеп за нив, а Фламенго од 77-ма до 91-ва минута со два гола на Педро и уште еден на Габи-гол, на крај дури и убедливо триумфираше со 4-2.

Фламенго во 99-та минута даде и петти гол, но беше поништен. Ова е мала утеха за гигантот од Рио де Жанеиро кој се надеваше на финале, а не меч за трето место.

- Оглас -

Најнови вести