Каков менталитет, Ѓоковиќ со пресврт од 0-2 до 3-2 до историска победа и титула на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ по шест годин,и повторно го освои Отвореното првенство на Франција, популарниот Ролан Гарос, и стана првиот тенисер во новата тениска ера кој има барем по две титули на сите четири гренслем-турнири. За Србинот ова е 19-та гренслем-титула, со што дојде на само еден негатива од рекордерите Рафаел Надал и Роџер Федерер.

Ѓоковиќ уште еднаш докажа дека психички е најсилниот тенисер на светот. Тој по вторпат на овој турнир губеше со 0-2 во сета, но и во двата случаи успеа да победи. Гркот Стефанос Циципас, кој го играше своето прво гренслем-финале, ги доби првите два сета, но немаше сили и ментална издржливост, па неговата игра тргна по надолна линија, а кога Ѓоковиќ „ќе намириса крв“, тука е безмилосен.

Ова е прво финале на Ролан Гарос од 2004 наваму кое се играше во пет сета, а и пред 17 години, победи тенисерот (Гастон Гаудио) кој имаше негатива од 0-2 во сетови.

Циципас, кој има 22 години, до денеска немаше загубено меч на кој водел со 2-0, а 34-годишниот Ѓоковиќ првпат доби гренслем-финале со ваков пресврт.

- Оглас -

Најнови вести