Манчестер сити нема никаква намера да му даде отказ на тренерот Пеп Гвардиола, напротив, многу се блиску до продолжување на договорот до 2024 година. Многуте разочарувања и залудно потрошени пари не влијаат врз решеноста на клубот да го задржи тренерот и во следните три години. Актуелниот договор на Шпанецот е до јуни 2021.
По поразот од Лион, се појавија шпекулации дека трпението кон Гвардиола ќе попушти, како негов наследник се спомнуваше Маурисио Покетино, но изгледа Граѓаните уште веруваат со Гвардиола. Можеби газдите се уверени дека тој може да помогне Сити да го купи најдобриот фудбалер на светот, Лионел Меси. Меси беше најдоминантен во времето на Гвардиола, имаат одличен однос, па можеби тука „лежи зајакот“.
Договорот на Пеп истекува за 10 месеци, но нема никакви најави дека може да биде раскинат. Во клубот веруваат во него дури и по порази како овој од Лион, а доказ е што му носат засилувања кои ги бараше од типот на Феран Торес и дефанзивецот Аке. На листата на желби му се и Кулибали и Дибала или Жоао Феликс, па сумата која Сити ќе ја потроши во ерата на Гвардиола ќе биде над 1 милијарда евра. Ако Меси дефинитивно реши да си оди од Барса, Сити и Интер ќе бидат главни конкуренти за негово привлекување.
Враќањето на приматот во Премиер лигата и нов напад на европската титула ќе бидат целите на Сити во следната сезона, а изгледа тоа ќе го прават со Гвардиола на клупата, иако со него во Европа имаа само разочарувања.