Каков пад во кариерата – Не потпиша максимален договор во НБА, сега Лејкерс го избркаа од тимот

Демаркус Казнс се коцкаше и загуби, кога во јули 2018 година потпиша едногодишен договор со Голден стејт вориорс, наместо предвидениот максимален договор со друг тим во НБА лигата, па две години подоцна дочека да биде избркан од Лос Анџелес лејкерс.

Еден од најдобрите центри во НБА во минатата декада постојано е повреден и Езерџиите одлучија да го ослободат од обврските.

Популарниот Буги во 2019 година потпиша едногодишен договор со Лејкерс вреден 3.5 милиони евра, но не одигра ниту еден меч за тимот.

Има 29 години и две злата со американската репрезентација, на Светското првенство во 2014 година и на Олимпијадата во Рио Де Жанеиро две години подоцна.

Во најдобрата сезона во кариерата во Сакраменто имаше просек од 27.8 поени и беше меѓу најдобрите кошаркари и стрелци во лигата.

На негово место Лос Анџелес лејкерс го ангажираа Маркиф Морис од Детроит пистонс.

- Оглас -

Најнови вести