Каков потег: Газдата на Сити ќе им го плати патувањето до Порто на сите 6.000 навивачи!

Шеикот Мансур кој е сопственик на Манчестер сити, ќе ги покрие сите патни трошоци на навивачите кои ќе отпатуваат во Порто на финалето на Лигата на шампионите. Сити првпат во својата историја ќе игра финале во ЛШ, па шеикот сака да ги почести фановите.

„Неверојатно е важно што повеќе наши фанови да имаат можност да го гледаат овој специјален меч. Особено оние најверни кои со години го поддржуваат Манчестер сити, и во добри и во лоши времиња. Де надеваме дека оваа иницијатива ќе им помогне на навивачите да уживаат во денот, наместо да се грижат околу тоа како да ги покријат патните трошоци, особено сега кога ги трпиме ефектите од пандемијата“ – вели Мансур.

На „Драгао“ во Порто на 29-ти мај, Манчестер сити и Челзи ќе го играат финалето кое првично требаше да се одржи во Истанбул. Двата клуба ќе добијат по 6.000 билети за своите навивачи.

- Оглас -

Најнови вести