Каков пресврт: Атлетико го врати Гриезман без да се откаже од Феликс

Антоан Гриезман го направи големиот „бум“ во последните часови од летниот преоден рок, со камбек во Атлетико Мадрид. Шпанскиот првак успеа да ја врати француската ѕвезда без притоа да мора да направи размена за Жоао Феликс со Барселона, како што се шпекулираше.

Освен тоа, Гриезман прво ќе игра како позајмен во тековната сезона, а следното лето Јорганџиите ќе исплатат 50 милиони евра. Се зборуваше дека и Саул би можел да заврши на „Камп ноу“ во овој трансфер, меѓутоа шпанскиот репрезентативец е на пат за Лондон како нов играч на Челзи.

За Барселона е добро што се ослободува од огромната плата на Гриезман, меѓутоа загуби на квалитет во нападот иако Французинот не ја почна најдобро новата сезона и немаше учинок во првите три меча во Ла Лига. Каталонците во меѓувреме се обидуваат да го доведат напаѓачот на Севилја, Лук Де Јонг, веројатно како привремена замена.

- Оглас -

Најнови вести