На натпреварот од втората Сисачко-мославичка жупанија во Хрватска, одигран во местото Горња Јеленска, се случи необична ситуација за која пишуваа сите медиуми во светот. На терен влегоа кокошки и играч на Јеленград во обид да ги избрка, едната ја шутна со нога. Мислеше дека ја усмртил, по што реагираа и здруженијата на пријатели на животните, кои го осудија потегот на Иван Газдек и неговиот клуб.
Веста за смртта на кокошката го обиколи светот, но сега се случи драматичен пресврт на настаните. Сепак, кокошката е жива и минала само со полесна повреда.
Газдек им се извинуваше на сопствениците на кокошките, им подари нова, а сега излезе дека кокошката не е мртва. Сопственикот кога ги пребројувал кокошките во кокошарникот, видел дека сите се на број. И „мртвата“ била на своето место, но сега е со повредена гордост и нема опашка.