Екипата на Аугсбург направи неверојатен пресврт во осмото коло од Бундеслигата во дуелот со Хајденхајм. Иако Хајденхајм по само 18 минути игра водеше со 2:0, на крајот загуби со 2:5.
Домашниот тим во 17-та и 18-та минута со головите на Клајдинст и Бесте ги израдува домашните фанови, но до крајот на првото полувреме, Аугсбург направи целосен пресврт.
Со три гола од 29-та до 42-та минута на Титц, Педерсен и Демировиќ, Аугсбург на одмор замина со водство од 2:3. Баварскиот тим трите бода ги завери во второто полувреме кога Удокаи и Реџбечај постигнаа голови за убедливи 2:5.