Селекцијата на Украина со два гола во финишот славеше во Зеница над БиХ и се пласира во финалето на баражите за пласман на Европското првенство.
Босна и Херцеговина поведе во 57-мата минута со автоголот на Матвиенко и потоа ги контролираше случувањата на стадионот „Билино поље“ во Зеница сè до 85-тата минута.
Украинците до 85-тата минута немаа ниту еден шут во рамките на голот на Шехиќ, но прво Јаремчук израмни на 1:1, а само три минути подоцна Довбик направи пресврт за победа на Украина од 2:1.
Украинците во финалето на баражот во Вроцлав, Полска ќе играат против Исланд, кој беше убедлив против Израел и победи со 4:1.
И останатите фаворити остварија убедливи победи.
Грција со 5:0 го декласира Казахстан и си закажа финална пресметка за пласман на ЕП против Грузија, а во последното финале ќе играат Полска и Велс.
Полјаците со 5:1 ја победија Естонија, додека Велс даде еден гол помалку против Финска (4:1).