Сагата околу Килијан Мбапе викендов доби ново поглавје откако францускиот Канал плус, објави дека напаѓачот ги закопал воените секири со ПСЖ и започнал преговори за продолжување на договорот.
Мбапе првиот меч во новата сезона на ПСЖ против Лориен го следеше од трибините поради одлуката на сопственикот на клубот, емирот на Катар, да го исфрли напаѓачот од првиот тим, но по завршување на мечот, Канал плус, објави дека двете страни се подготвени за разговорот.
https://twitter.com/DeadlineDayLive/status/1690656506251784192?s=20
Денеска Мбапе е вратен во првиот тим, а со соопштение се огласи ПСЖ.
„По конструктивните и позитивни разговори меѓу ПСЖ и Килијан Мбапе пред натпреварот со Лориен, фудбалерот е вратен во првиот тим и во нормален тренажен процес“, стои во соопштението на клубот.
Потврда дека Мбапе и ПСЖ започнале преговори дојде и од шпанскиот спортски весник „Ас“. Добисникот на „Ас“ од Париз, Андреас Онрубио Рамос, објави дека од добро информирани извори дека преговорите меѓу двете страни траат веќе неколку дена и на нив се бара најдоброто решение, Мбапе да ја одигра претстојната сезона во ПСЖ, а потоа идното лето за нормална отштета да се пресели во Реал Мадрид.
„Војната“ меѓу ПСЖ и Мбапе започна откако фудбалерот по завршување на минатата сезона изјави дека нема да го продолжи договорот Светците и идното лето како слободен играч ќе се пресели во Реал Мадрид. Тој потег не му се допадна на сопственикот на тимот и му постави ултиматум, или ќе потпише нов договор, или ќе биде продаден или казнет цела сезона да ја преседи на трибините.