По 10 години поминати во Манчестер сити, Серхио Агуеро си замина од редовите на Граѓаните и го облече дресот на Барселона. Аргентинскиот голгетер на заминувањето од Сити, приреди неверојатно изненадување за економот во екипата. Агуеро му го подари џипот „ренџ ровер“ на вработениот и му порача да ужива во возењето.
„Се тресам од возбуда. Секој ден ќе го возам џипот. Што друго да кажам? Ова нема никогаш да го заборавам“, рече среќниот економ од Манчестер сити.
The moment Sergio Aguero handed over the keys to his Range Rover to one #ManCity kit man before leaving the club. 🥰💙 @aguerosergiokun pic.twitter.com/f6s0JzKU08
— City Xtra (@City_Xtra) June 3, 2021
Сепак, само неколку дена подоцна, работите целосно се сменија. Вработениот кој го доби џипот на подарок, решил да да го стави „ренџ роверот“ на продажба. Цената на џипот е 23.000 фунти, а според економот, идејата му е да добие пари и еден дел од сумата која ќе ја заработи да ја даде во хуманитарни цели.
Агуеро неодамна го купи џипот кој сега има поминато само 17.000 километри, а економот се решил да го продаде по пониска цена од реалната.