Каков резил за 20-годишни фудбалери – Го тепаа својот голман по поразот на пенали (Видео)

Голем резил му се случи на бразилскиот гигант Коринтијанс откако неговите млади фудбалери на возраст до 20 години го нападнаа својот голман по поразот во пенал-серија против Фламенго.

Голманот веројатно беше означен како главен виновник за елиминацијата во полуфиналето на плејофот во популарното Бразилеиро, иако не прими гол во регуларниот дел.

Во пенал-серијата ривалите од Фламенго беа подобри, а потоа започна резилот што не им доликува на младинци на голем клуб каков што е Коринтијанс.

Започна со кавга меѓу капитенот на Коринстијанс и голманот на овој тим, а потоа му се нафрлија и останатите фудбалери, па дури имаше и удар со тупаница во брадата на несреќното момче.

Епилог од инцидентот допрва се очекува со реакција на раководството на Коринтијанс.

- Оглас -

Најнови вести