Чав Ернандес го доживеа првиот пораз како тренер на Барселона, а вистински шах-мат на брилијантен начин приредија играчите на Бетис во 79. минута за победа од 1:0 на „Камп Ноу“.
Хуанми, кој постигна хет-трик во минатото коло против Леванте, ја круниса одличната акција на Каналес и асистентот Телјо и ја урна Барселона на гостински терен.
GOAL: 79' Barcelona 0-1 Real Betis (Juanmi)#BarçaBetis #LaLiga
Follow for more goals @ronaldmorgan_ pic.twitter.com/chDnAfMOJo
— Ronald Morgan (@ronaldmorgan_) December 4, 2021
Барселона имаше иницијатива и посед на топка над 60 проценти, но гостите се радуваат на победа.
Бетис се приби до третото место со 30 бода, а Барса остана на седмото место во ла Лига со 23 бода.