Шкендија ги заврши настапите и во Конференциската лига откако вечерва на арената „Тодор Проески“ загуби минимално со 1:0 од Рига. Ривалот од Летонија на првиот меч победи со 2:0 и со денешниот триумф оди понатаму со вкупни 3:0 по 180 минути игра.
Клучниот момент на мечот во Скопје се случи во 52-рата минута, кога играчот за врска Соисало погоди за радост на гостите, но и за крај на малите надежи кои ги имаа тетовци.
Шкендија со овој пораз го заврши најслабиот настап во европските купови. Македонскиот првак стартуваше во квалификациите за Лигата на шампионите, но претрпе два порази од словенечкиот ривал Мура. На првиот меч во Скопје гостите победија со 1:0, а во реваншот беше 6:0 за Мура.
По елиминацијата од квалификациите за ЛШ, Шкендија продолжи во конференциската лига, но и тука веднаш е елиминирана. Рига во Летонија победи со 2:0, а со денешниот пораз во Скопје, билансот на Шкендија во европските купови за ова лето е четири порази во четири меча, без НИТУ ЕДЕН даден гол, а примени дури девет.