Каков шок: Двократниот финалист на Ролан Гарос исфрлен во првото коло

Моментно четвртиот тенисер во светот, Доминик Тим на неславен начин го заврши годинашниов настап на Ролан Гарос. Тенисерот кој два пати играше во финалето на Грен слем турнирот во Париз, а два пати стигнуваше до полуфиналните пресметки, сега е елиминиран уште во првото коло.

Тим беше голем фаворит во дуелот со Шпанецот Пабло Андухар, но на крајот, по четири и пол часа борба, Австриецот беше елиминиран со 3:2 во сетови. Да биде изненадувањето уште поголемо, Тим ги доби првите два сета со 6:4 и 7:5, а кога се очекуваше да слави со 3:0 во сетови, се случи пресврт.

Андухар го доби третиот сет со 6:3, а потоа во четвртиот и петиот Шпанецот беше подобар со идентични 6:4. Ова е неверојатно ако се знае дека Тим во четири од претходните пет настапи на Ролан Гарос губеше само од тенисерот кој подоцна стануваше и победник, три пати тоа беше Рафаел Надал, а еднаш Новак Ѓоковиќ.

За Андухар ова е прв пат во кариерата да победи во меч на кој губел со 2:0 во сетови, а и прв пат победува тенисер кој е во Топ 5 на АТП листата во светот.Шпанецот моментно е на 68 место на АТП листата.

Роџер Федерер утре го игра својот меч од првото коло, додека Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ на земјената подлога ќе се појават в вторник.

 

- Оглас -

Најнови вести