Кристијано Роналдо не е меѓу стартерите на Јувентус за вечерашното гостување кај Болоња. Старата дама мора да победи ако сака да има шанси за пласман во Лигата на шампионите, и затоа огромен е шокот кога се виде дека Роналдо кој е прв стрелец, го нема во почетниот состав.
Роналдо нема повреда, и тренерот Андреа Пирло решил да ја изостави својата ѕвезда од „тактичко-технички причини“. Во нападот се Кјеза, Дибала и Мората, зад нив ќе биде и Кулушевски, и навистина е големо изненадување што против Болоња ќе го нема Роналдо. На Јуве и победа не му гарантира место во ЛШ.