19.8 C
Skopje
вторник, 12 август 2025

Каков шок, Меси кажа четири збора на англиски јазик (Видео)

Лионел Меси толку добро се забавуваше во друштво на познатиот магионичар Џулиус Дин, што дури и прозборе на англиски јазик, шокирајќи ги своите фанови.

Познато е дека Меси цело време зборува само на шпански и тоа со аргентински акцент. Во Барселона некои му замеруваа што не зборува каталонски, во ПСЖ сигурно не им е мило што не зборува француски, а многумина мислат дека ѕвезда од таков калибар мора да знае англиски.

Меси кога потпиша за ПСЖ, во едно интервју рече дека една и пол година земал часови по англиски јазик и дека го разбира, но не го зборува англискиот.

Додека илузионистот Дин им покажуваше трик на Меси и Марко Верати, Аргентинецот дофрли „Многу фино од тебе“, кажано на англиски. Италијанецот Верати се покажа како уште послаб познавач на англискиот, па Меси му објаснуваше што ќе направи Деин со картата.

- Оглас -

Најнови вести