Новак Ѓоковиќ претрпе сензационален пораз во четвртфиналето на турнирот во Дубаи од Чехот Јиржи Весели, и тоа со 0-2 во сетови и ова значи дека Србинот го губи првото место на АТП-листата.
Весели, кој е 123-ти на АТП-листата, славеше со 6-4, 7-6. Весели по вторпат во кариерата играше против Ѓоковиќ и по вторпат го победи.