4.8 C
Skopje
сабота, 24 јануари 2026

Каков шок во Минхен, Баерн поразен во баварското дерби!

Баерн Минхен сезонава е неприкосновен во Бундеслигата, има убедливо водство пред вториот на табелата и нема дилема дека пак ќе биде првак на Германија, но денеска гигантот од Минхен беше шокиран на свој терен од соседот (двата града се оддалечени 80 километри) Аугсбург со 1-2, што за Баерн е прв пораз сезонава.

Ова е првпат после 11 години, баварското дерби играно на „Алијанц арена“ да му припадне на малиот Аугсбург кој се бори за опстанок, додека Баерн е прв со 11 бодови повеќе од Борусија Дортмунд која има и еден меч помалку.

Ито со својот прв гол сезонава, му донесе предност на Баерн, а пресвртот дојде во второто полувреме кога во период од само седум минути, Аугсбург даде два гола преку Чавес и Масенго за шокантно водство, на крајот и победа.

- Оглас -

Најнови вести