Каков шок за Ајакс, прими гол во 90+9 минута и најверојатно ќе остане без титулата во Холандија (Видео)

Неверојатна драма се случи во претпоследното коло од холандското првенство. Ајакс кој беше лидер на табелата до пред ова коло, киксираше на гостувањето кај Гронинген и одигра 2:2, додека ПСВ Ајндховен без никакви проблеми славеше со 4:1 против Хераклес, па сега има промена на врвот на табелата.

Во пресрет на последните 90 минути од првенството, ПСВ е лидер со 76 бодови пред Ајакс со 75. Во последното коло ПСВ гостува кај Спарта во Ротердам, а Ајакс на свој терен го пречекува Твенте.

шокантен беше финишот на мечот меѓу Гронинген и Ајакс. Гостите водеа со 2:1, судијата покажа дека ќе се играат шест минути дополнително време, но остави да се игра подого, па во 90+9 минута, домаќините постигнаа гол за 2:2. Иако овој гол и освоен бод не носи ништо посебно за Гронинген, домашните фудбалери и навивачи се радуваа како да станаа европски прваци, а тие само успеаа да ги уништат соништата на Ајакс за титулата.

Погодокот во 90+9 минута поради кој Ајакс мооже да остане без титулата, може да го видите ТУКА.

Интересно е дека ова беше четврти меч по ред на кој Ајакс не може да победи. Пред само четири кола гигантот од Амстердам имаше дури девет бодови повеќе од ПСВ, но сега ситуацијата е поинаква и тимот од Ајндховен е лидер со еден бод повеќе.

- Оглас -

Најнови вести