Косовскиот првак Балкани и Санта Колома од Андора одиграа луд и драматичен меч од првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Балкани славеше на првиот меч како гостин со 2-1, а денеска беше шокиран дома во финишот на регуларниот дел и на крајот испадна на пенали.
Балкани од 38-мата минута беше со играч помалку, исклучен беше некогашниот голгетер на Шкупи, Адетунџи, па задачата им беше отежната.
Санта Колома до победата во регуларниот дел дојде во 92-рата минута, и тоа со гол директно од корнер кој го изведе Моедано. Се чини дека Хамиди малку ја закачи топката и стана трагичар на домашните. Алжирецот се извади кога даде гол за 1-2 во 109-тата минута.
Следуваа пенали, а во серијата првакот на Косово прв погреши. Во четвртата серија и гостите не реализираа, но судиите наредија да се повтори пеналот, а Де Жесус погоди од вториот обид. Балкани беше на прагот на испаѓање, но спаси три меч-топки на противникот, па по пет пенали, резултатот беше 4-4 и пенал-рулетот продолжи. Решавачка беше седмата серија во која тимот од Андора погоди, а Астрит Тачи од Балкани не реализира.
Во следното квалификациско коло од Лигата на шампионите, Санта Колома ќе игра со данскиот Митјиланд.