Каков шокантен случај – Ѓоковиќ слета на аеродромот во Мелбурн, но не му даваат виза за влез во Австралија

Шокантен развој на настаните има случајот со Новак Ѓоковиќ и неговиот настап на Отвореното првенство на Австралија, а тенискиот маг веќе слета во Мелбурн, но засега не му е издадена виза за влез во земјата.

Ѓоковиќ има добиено медицинска потврда дека може да игра на Отвореното првенство на Австралија иако не е вакциниран, а тоа му го одобри комисија од медицински лица.

Претходно, Премиерот на Австралија објави дека ако Новак нема цврсти докази дека не смее да се вакцинира, нема да добие дозвола за влез во Австралија и нема да игра на гренслемот во Мелбурн.

- Оглас -

Најнови вести