Каков Сити – Реал, мечот на годината се одигра во Шефилд, домашните надоместија негатива од четири разлика!

Плејофот во англиската Лига 1 за влез во Чемпионшип синоќа го донесе натпреварот на годината, кој уште долго ќе се памети особено од фановите на двата тима коишто играа.

Питерборо го разби Шефилд вензди со 4-0 на првиот меч, а реваншот требаше да биде само рутина. Но, Шефилд, кој е четирикратен англиски првак, во деветтата минута поведе со 1-0, до полувреме имаше и 2-0, па на гостите „им влезе вода во уши“. Се бранеа, но не се одбранија. Во 98-мата минута, Шефилд даде гол за 4-0, па се играа продолженија.

Во екстра периодот, Питерборо прв даде гол за 1-4, но домашните одговорија со нов погодок и средбата заврши 5-1, што значеше дека пеналите ќе решаваат. Сите петмина од Вензди ги реализираа пеналите, еден играч на Питерборо утна, па славењето можеше да почне.

Во финалето на „Вембли“, Шефилд вензди ќе игра со Барнсли или Болтон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести