Каков спектакл: Леброн, Брадата, Веѓата и Дончиќ ќе играат во ист тим!

Гласањето за првите петорки на олстар-натпреварот во НБА-лигата е завршено, стартерите се познати, а не може да не се каже дека тимот со ѕвездите од Западната конференција е спектакуларен.

Џејмс Харден, Лука Дончиќ, Кавај Ленард, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис добија најмногу гласови и ќе бидат во тимот наречен Џејмс (Леброн е рекордер со 16 настапи на олстарите), во чест на капитенот кој собра најмногу гласови (6,2 милиони). Втор зад него е Словенецот Дончиќ со околу 100.000 гласа помалку, но младата ѕвезда во својата втора НБА-сезона ќе биде стартер на олстар, што е голема чест.

Источниот тим ќе го предводи Јанис Адетокумбо, а во првата петорка друштво ќе му прават Тре Јанг, Кемба Вокер, Паскал Сијакам и Џоел Ембид.

Резервите ќе се објават на 30 јануари, а олстар-викендот е од 14 до 16 февруари во Чикаго.

- Оглас -

Најнови вести