Каков срам за Миколи – Беше марка во Серија А, сега го осудија за присилна наплата на долг

Фабрицио Миколи доживеа голем срам откако во првостепена постапка вчера е осуден на три и пол години затвор за присилна наплата на долг.

И тоа дејството го извршил за пријател, кому познатиот криминалец Нино Лауричелa и неговиот син Мауро му должеле 20 илјади евра. Случајот е од 2013 година, а Миколи има право на жалба и ќе чека одлука од повисоки инстанци.

Фабрицио има 10 настапи за репрезентацијата на Италија, а играше и за Јувентус во ерата на Буфон, Дел Пјеро, Трезеге, Недвед…

Најдобрите партии фудбал сепак ги имаше во Палермо, клубот за којшто играше од 2007 до 2013 година и на 165 натпревари постигна 74 гола.

- Оглас -

Најнови вести