Финалето во Лигата на Европа кое се игра на „Даблин арена“ има одличен почеток бидејќи по само 12 минути, веќе се затресе мрежата.
Аталанта која подобро го започна натпреварот, поведе со 1:0 против Баер Леверкузен благодарение на голот на Локман.
Напаѓачот на Аталанта се најде на вистинското место во шеснаесетникот на Баер и немаше проблеми да ја смести топката во мрежата на Ковар.