Вејн Руни важи за жива легенда на Манчестер јунајтед, а се чини дека по неговите стапки тргнува и неговиот син Каи.
Шестнаесетгодишниот Каи Руни е дел од академијата на Црвените ѓаволи, а сега раководството на клубот му понуди потпишување на прв договор. Семејството Руни сè уште нема одлучено дали ќе го прифати договорот според кој младиот Каи би заработувал околу 50.000 фунти годишно.
Каи Руни е дел од групата од 14 млади и талентирани фудбалери кои се дел од Академијата, а им е понудено да потпишат договори со Манчестер јунајтед. Секако, синот на Руни, како и неговиот татко, игра на напаѓачката позиција.
Она што е интересно е тоа што дел од оваа група е и Џејси Карик, синот на тренерот и клупска легенда на Манчестер јунајтед – Мајкл Карик.

