Каков цар е Дани Олмо, го изненади тренерот што го вивна меѓу ѕвездите

Дани Олмо покажа дека е скромен спортист, иако е една од големите светски фудбалски ѕвезди во подем, а не го заборави тренерот што го вивна во фудбалското соѕвездие како еден од најдобрите млади играчи на планетата.

Шпанскиот репрезентативец го изненади својот поранешен тренер, Сретен Чук, кој моментно е шеф на стручниот штаб на хрватскиот третолигаш Карловац.

Чук му беше тренер на Олмо кога Шпанецот пристигна во Динамо Загреб и беше дел од втората екипа на хрватскиот гигант од 2015 до 2017 година.

Дани претходно беше дел од познатата Академија на Барселона, Ла Масија, но не беше забележан од скаутинг тимот на Каталонците како талент, па замина во Динамо.

Потоа сè е како во бајките, Олмо успеа да се избори за настапи во првиот тим на Динамо, па лани се пресели во редовите на германскиот вицешампион Лајпциг, а цената постојано му расте.

Стана и шпански репрезентативец, и тоа е еден од најдобрите во моментов, а за него се интересираат неколку европски гиганти.

„Искрено многу ме изненади, секако пријатно, што дојде да ме посети. Минавме убави моменти заедно, а се радувам што Дани стана една од големите ѕвезди на светскиот фудбал. За мене тоа е очекувано, а каков господин и скромен човек е потврди со посетата во Карловац“, објави Чук со фотографија на која е заедно со Олмо.

 

- Оглас -

Најнови вести