20.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Каков циркус – Во идеалниот мундијалски тим на четвртфиналето има тројца елиминирани (Фото)

Специјализираната страница за фудбал „Софаскор“ повторно приреди вистински циркус со објава на идеалниот тим за четвртфиналето на Мундијалот во Катар.

Во него има место и за фудбалери што се елиминирани и нема да играат во полуфиналето, а изоставени се тие што заслужија да бидат во дрим-тимот со 10 играчи и голман.

Веднаш паѓа в очи дека во идеалните 11 ги има Бруно Фернандеш, Бакајо Сака и Вут Вегхортс, кои веќе се дома по поразите на Португалија, Англија и Холандија од Мароко, Франција и Аргентина.

Во нападот нема место за мароканскиот јунак Јусеф Ен-Несири, кој го даде победничкиот гол против Португалија за најголем успех на оваа земја и на африканскиот фудбал со прв пласман во полуфинале на СП. Го нема и Оливие Жиру стрелецот на клучниот гол за Франција во победата над Англија, потоа и Лука Модриќ од Хрватска и уште неколку фудбалери што беа победници во четвртфиналињата.

World Cup Team of the Quarterfinal from soccer

 

- Оглас -

Најнови вести