Каков циркус во Неапол – Спалети не го знае тренерот на Спартак, прашуваше кому да му честита (Видео)

Лучијано Спалети го претрпе првиот пораз како кормилар на Наполи откако вечерва, на „Диего Армандо Марадона“, Спартак Москва славеше со 3:2, а по мечот приреди потег што ќе ве насмее.

Тренерот на Наполи не знаеше кој е тренер на Спартак Москва, па си праша на клупата на својот тим да му го покажат колегата од спротивната страна.

Португалецот Руи Виторија го надмудри Спалети, но очигледно му е непознат на италијанскиот стратег.

Спартак приреди подвиг и со пресврт славеше со 3:2 на меч на кој Елиф Елмас се запиша во историјата на италијанскиот фудбал. Македонскиот репрезентативец постигна гол во 11-тата секунда, најбрз за италијански тим во мечеви од Лигата на Европа.

Сепак, гостите ја искористија глупоста на Марио Руи, кој непотребно стартуваше прегрубо во 29-тата минута и беше исклучен, па со три гола во второто полувреме направија комплетен пресврт и победија со 3:2.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести