Бразилските јунаци ја победија и трагедијата и мизеријата – Им експлодира бомба во автобусот, имаат тројца повредени, но им беше наредено да играат (Фото)

Голема трагедија им се случи на фудбалерите на бразилскиот клуб Бахија на патувањето до својот стадион „Фонте Нова“ за дуелот со Сампајо Кореа и во автобусот што ги превезуваше им експлодира бомба.

Тројца играчи на Бахија се повредени, од кои најтешко голманот Данило Фернандеш, кој заврши во болница со опекотини на лицето, вратот и ногата.

Brazilian goalkeeper Danilo Fernandes from EC Bahia receiving first aid after a bomb exploded next to the team’s bus yesterday while they arrived in their stadium from soccer

И во таква страотна ситуација во која се најдоа гостите од Бразил, судијата нареди мечот да се игра.

Иако беа потресени од инцидентот и загрижени за своите повредени соиграчи, фудбалерите на Бахија покажаа јуначко срце и победија со 2:0.

 

 

- Оглас -

Најнови вести